Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

По влошената безбедност САД ќе праќаат маринци на Хаити

Соединетите држави размислуваат да испратат маринци на Хаити, поради влошената безбедносна ситуација во земјата, изјави портпаролот на Јужните поморски сили Мејсон Енглхарт.

„Распоредувањето на тимот ФАСТ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од американската амбасада во Порт-о-Пренс“, рече тој.

Антитерористичките безбедносни тимови на Маринскиот корпус, познати како ФАСТ, се распоредени ширум светот во ограничен временски период за заштита или враќање на американските средства.

Во средата американската амбасада на Хаити ги повика Американците што поскоро да ја напуштат земјата.

Банди на Хаити извршија големи вооружени напади во текот на ноќта врз неколку владини згради, вклучувајќи ја и претседателската палата во Порт-о-Пренс, соопштија безбедносни извори.

Главниот град на Хаити со денови е зафатен од бран на добро координирани напади врз органите на редот и државните институции, чија цел е да се собори владата на премиерот Ариел Хенри.

Пукањето во центарот на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и во областа на меѓународниот аеродром во градот започна на 29 февруари, додека премиерот Ариел Хенри беше во официјална посета на Кенија, обидувајќи се да ги финализира деталите за распоредувањето на странски вооружен контингент до Хаити за борба против бандите.

Во 2023 година, повеќе од 8.400 луѓе на Хаити беа убиени, повредени или киднапирани, што е двојно повеќе од бројот во 2022 година. ОН проценуваат дека на речиси половина од 11-те милиони Хаити им е потребна хуманитарна помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот