Фото: Unsplash

По Венеција, и Холандија воведува билети за туристи

Популарното холандско туристичко село Зансе Сканс, познато по своите историски ветерници и традиционална архитектура, воведува влезница за сите посетители од пролетта 2026 година. Целта на оваа мерка е да се намали притисокот од масовниот туризам и да се обезбедат средства за зачувување на локалната инфраструктура и културното наследство.

Цената на билетот ќе биде 17,5 евра. Локалната власт на општина Занштад ја донесе оваа одлука откако бројот на посетители значително се зголеми. Во 2024 година беа регистрирани околу 2,6 милиони туристи, додека селото е всушност многу мала заедница со ограничени капацитети- пишува Каматица.

Премногу туристи создаваат големи проблеми за локалното население.

– Едноставно немаме место за толку многу луѓе – рече директорката на локалниот музеј, Марике Вервеј.

Таа истакна дека многу туристи го игнорираат фактот дека луѓето живеат во тоа село, па затоа често влегуваат во приватни дворови, тропаат на врати, па дури и користат приватни простори како јавни тоалети. Билетот ќе се продава однапред преку интернет, без физички бариери на влезот. Собраните приходи, кои би можеле да достигнат десетици милиони евра годишно, ќе бидат насочени кон одржување на историски згради, изградба на јавни тоалети  и други инфраструктурни потреби.

Цената од 17,5 евра ќе вклучува пристап до главните атракции, како што се музејот и внатрешноста на ветерницата, кои досега мораше да се плаќаат одделно.

Одлуката за наплата предизвика поделени мислења. Сопствениците на локалните продавници и ресторани стравуваат дека новата мерка ќе го намали бројот на туристи и негативно ќе влијае на нивниот бизнис.

– Ако едно четиричлено семејство плаќа за влезници и паркинг, ќе потроши речиси 100 евра – тоа значи помалку пари за купување сувенири или ручек – рече сопственикот на продавница за сувенири.

Зансе Сканс не е единствениот пример за регулирање на туризмот со билети. Венеција веќе им наплаќа на еднодневните посетители влезница од пет евра, а слични мерки се воведени и на други места низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот