По спорното видео, Скарлет Јохансон повикува на забрана на дипфејк технологијата: Мора да укажеме на злоупотребата на вештачката интелигенција

Скарлет Јохансон ја повика американската влада да усвои закон за ограничување на употребата на вештачката интелигенција, откако на интернет се појави видео со нејзината „дипфејк“ верзија. Во изјава за списанието People, Јохансон рече:

„Застрашувачки е тоа што американската влада е парализирана кога станува збор за донесување закони кои ќе ги заштитат сите нејзини граѓани од непосредните опасности од вештачката интелигенција“.

Реакција на антисемитските коментари

Контроверзното видео ја прикажува Јохансон, заедно со други познати личности Евреи како Џери Сајнфелд, Мила Кунис, Џек Блек, Дрејк, Џејк Гиленхал и Адам Сендлер, како носат маици со зборовите „Канје“ и слика на среден прст во чиј центар е Давидовата ѕвезда.

Оваа снимка се појави набргу откако Је (порано познат како Канје Вест) се врати на платформата X минатата недела, каде што објавуваше антисемитски коментари. Тој, исто така, почна да продава маици со кукасти крстови на својата веб-страница, која во меѓувреме е отстранета.

„Јас сум Еврејка која има нулта толеранција за антисемитизам или говор на омраза од кој било вид“, изјави Јохансон за People.

„Но, јас исто така цврсто верувам дека потенцијалот за ширење на говор на омраза преку вештачка интелигенција е многу поголема закана од која било личност да преземе одговорност за тоа. Мора да укажеме на злоупотребата на вештачката интелигенција, без оглед на пораката што ја пренесува, или ризикуваме да го изгубиме контактот со реалноста.“, рече глумицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот