Демнење / фото: архива

По случајот со Росица, полицијата секој ден фаќа по еден демнач-насилник

Откако јавноста ја потресоа бруталните убиства на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко, кои ги изврши нејзиното поранешно момче од Скопје, во полицискиот билтен секојдневно се јавува за по еден фатен или спречен демнач или насилник врз жени.

За последниот таков случај полицијата извести денеска – уапсен е кумановец кој подолго време следел и вознемирувал 28-годишна кумановка.

-На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.

Девојката случајот го пријавила во април годинава, по што судија од Основниот суд Куманово му изрекол на демначот забрана за доближување.

„По преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Непостапувањето за Росица ќе влезе во предистрага на Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот