Instagram/ WIKI
Instagram/ WIKI

По сериозното обвинение се огласи и актерот: Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување!

Актерката Даниела Штајнфелд (37) открила пред Вишото јавно обвинителство дека српскиот актер, режисер и поранешен министер Бранислав Лечиќ, е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал, пишуваат српските медиуми.

Прва актерка од Балканот која проговори за злоставувањето: Потресната приказна на глумицата од „Ивкова слава“ (ВИДЕО)

Обвинителството потврдило дека актерката го открила идентитетот на лицето што ја силувало.

„Таа го откри идентитетот на евентуалниот сторител на делото. Понатамошните проверки се во тек и се работи на собирањето на доказите“, рекле во Вишото јавно обвинителство.

По повод обвиненијата за силувањето, се огласил и Лечиќ. Актерот рекол дека заедно работеле на еден проект, но дека ова е сериозно обвинение и дека не може површно да го коментира.

Јас не знам ништо за тоа, морам да добијам официјална информација, па потоа ќе имам коментар. Без докази дека таа навистина го рекла тоа, не сакам да коментирам – рекол Лечиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Lecic (@branislavlecic)

Актерката Даниела Штајнфелд, во моментот е во Белград, каде што се појавила пред неколку денови во Вишото обвинителство во Белград, на повик на обвинителот за да го надополни својот претходен исказ.

Таа, во присуство на адвокатот, зборувала за своето травматично искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарен филм, снимен во Америка, каде што во моментот живее.

Гоца Тржан, Марија Шерифовиќ, Катарина Остојиќ… Овие естрадни ѕвезди биле жртви на насилство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот