
По седум недели Саакашвили го прекина штрајкот со глад
Поранешниот грузиски претседател и опозициски лидер, Михаил Саакашвили, кој од октомври цели седум недели штрајкува со глад во затворот во близина на Тбилиси, денеска се согласил да го прекине штрајкот поради невролошки проблеми, изјави неговиот адвокат.
Ника Гварамиа кажа дека Саакашвили се согласил да биде префрлен од затворот во воената болница.
Препорачано
Властите, по упорните апели, се согласија поранешниот претседател да биде префрлен во подобра болница за да може да добие подобра нега.
Поддржувачите на Саакашвили, кои одржаа неколку протести, денеска се собраа пред парламентот во Тбилиси, каде го осудија неговото апсење и побараа подобра здравствена заштита.
На поранешниот претседател на Грузија вчера му се слошило и се онесвести додека во посета му бил неговиот адвокат.
Лекарите утврдиле дека тој има Верникеова енцефалопатија, акутен невролошки проблем предизвикан од недостаток на витаминот Б.
Се уште популарниот Саакашвили, кој беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, во земјата на 1 октомври по осум години егзил. Тој беше уапсен следниот ден по враќањето врз основа на пресудата од 2018 година за злоупотреба на службената положба.