Profimedia
профимедиа

По пожарите во Лос Анџелес, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се сè поблиски, а момчето на актерката се чувствува како „трето тркало“

Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа во брак од 2005 до 2015 година, а по нивниот развод останаа во блиски односи за да се осигураат дека нивните деца додека растат ќе имаат поддршка од двајцата родители. Откако Афлек се разведе од Џенифер Лопез, поранешните сопружници се постојано заедно.

„Тие се поблиски отколку што некогаш биле по нивниот развод“, открил извор за Page Six, објаснувајќи дека поранешните сопружници ги зближила трагедијата. Секако, станува збор за големите разорни пожари во Лос Анџелес, поради кои актерот веднаш побрза кон семејството за да бидат сите на едно место.

Фото: Профимедиа

„Тие се потпираат еден на друг повеќе од кога било. Навистина имаат блиска врска“, додаде изворот, објаснувајќи дека Афлек и Гарнер се благодарни за нивниот однос: „Знаат дека сите бивши сопружници не се согласуваат добро и се чувствуваат многу благодарни што имаат толку неверојатна врска“.

Поранешната актерска двојка смета дека е во интерес на сите да имаат добри односи, а најмногу во интерес на нивните деца.

Долгогодишниот партнер на Џенифер Гарнер, Џон Милер не е премногу воодушевен поради тоа што неговата девојка поминува сè повеќе време со нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек. Иако од една страна е свесен дека неговата девојка и нејзиниот поранешен сопруг до крајот на животот се врзани со тоа што имаат три деца заедно, тоа не значи дека на Џон Милер мора да му се допаѓа тоа што поранешните сопружници во последно време поминуваат многу време заедно.

Фото: Профимедиа

-Фактот што сè почесто се заедно, но и поради тоа што Бен со нив поминува празници како Божиќ и Денот на благодарноста, навистина му пречи на Џон. Тој се чувствува како „трето тркало“ во врската – вели добро информиран извор, додавајќи дека Бен и Гарнер секојдневно разменуваат бројни пораки и разговараат на телефон.

Тоа можеби и не е чудно, доколку бројот на разменети пораки и телефонски повици не бил поголем отколку во изминатите неколку години.

„Порано се работеше само и исклучиво за децата, но Џон сега чувствува дека ова може да биде повеќе од само добар однос меѓу поранешните сопружници“, открил изворот и продолжил:

„Не се чувствува загрозено во смисла дека мисли дека Џен некогаш ќе му се врати на Бен, но тешко е да не се чувствувате љубоморни кога е јасно дека имаат силна врска и пријателство“.

47-годишниот бизнисмен и актерката се во врска од 2018 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот