фото: РФМ

По подолга пауза, повторно се организира меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја известува јавноста дека по подолга пауза, повторно ќе се организира меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“. Оваа година, турнирот ќе го збогати ракометниот календар и ќе донесе вистинска спортска возбуда.

Во периодот од 18 до 20 септември 2025 година, спортскиот центар „Билјанини Извори“ – Охрид ќе биде домаќин на ова значајно спортско случување, во организација на РФМ.

Голема чест е што токму женската сениорска репрезентација на Македонија ќе биде носител на овој турнир и ќе ја има можноста пред својата публика да се соочи со силни репрезентации како Грција, Египет и Тунис.

Овој турнир е ново поглавје и голема можност за унапредување и промоција на женскиот ракомет во Македонија, а воедно и важен чекор кон меѓународна афирмација. Дополнително, ова претставува силна потврда за афирмацијата на македонскиот ракомет и неговата улога на европската и светската ракометна сцена.

„Трофеј Македонија“

СЦ „Билјанини извори“ – Охрид

18 септември

18.15 часот Грција – Египет
20.30 часот Македонија – Тунис

19 септември

18.15 часот Тунис – Грција
20.30 часот Македонија – Египет

20 септември

14.00 часот Египет – Тунис
16.30 часот Македонија – Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот