
По Нил Јанг уште едно повлекување од „Спотифај“: Џони Мичел ја отстрани својата музика од стриминг гигантот
Добитничката на Греми, Џони Мичел, по чекорот на канадскиот пејач ја повлече својата музика од стриминг гигантотот. Од ден на ден се зголемува бројот на луѓе кои ја отстрануваат својата музика од „Spotify“. Имено, Џони Мичел изјави дека во знак на „солидарност“ со Нил Јанг ќе ја отстрани својата музика од платформата поради ширење на дезинформации за коронавирусот.
Препорачано
View this post on Instagram
Пејачката истакна дека стриминг гигантот им дозволил на неодговорните луѓе да шират лаги кои „ги чинат луѓето животи“.
View this post on Instagram
Мичел објави и отворено писмо потпишано од коалиција на здравствени работници во кое го повикува Spotify да преземе акција против ширењето на дезинформации на својата платформа. Веста беше објавена набргу откако Јанг ја отстрани својата музика од „Spotify“, наводно поради емитувањето на подкастот „The Joe Rogan Experience“ кој е познат по своите ставови против вакцините.
View this post on Instagram
„Решив да ја тргнам целата моја музика од Spotify. Неодговорни луѓе шират лаги кои ги чинат луѓето животи. Се солидаризирам со Нил Јанг и глобалната научна и медицинска заедница за ова прашање“, рече Мичел.