Затвор / илустрација / Фото: МИА

По неколкуте скандали, Владата го разреши директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири

Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири, е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван полицискиот генерал-мајор Зоран Јовановски, соопштија од Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски, говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, пред се во Министерството за внатрешни работи.

Тој рече дека Јовановски во текот на својата професионална кариера поминал обуки во Полициската академија во Луизијана, организирани од Американската амбасада во земјава, како други обуки во САД, Германија, Велика Британија и Турција.

Смената на директорското место во најголемиот македонски затвор доаѓа откако се случија неколку скандали – најпрвин осуденик за убиство избега при превоз во болница, одземајќи му службен пиштол на затворски полицаец, а се откри дека во бегството имал помош од командир и чувари. Потоа во неколку наврати беа откриени големи количества дрога и оружје кај затворениците, за ситуацијата да кулминира со пронајдениот тунел преку кој дел од затворениците осудени на високи казни сакале да избегаат од „Идризово“.

Откриен тунел во „Идризово“, затвореници со високи казни се подготвувале за бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот