
По големите украински напади, Москва поставува нов услов за мировните преговори?
Откако Украина изврши неколку големи напади на руска територија во последните денови, од кои последниот беше денешниот подводен удар врз Кримскиот мост, во Москва се споменува можен нов услов за продолжување на мировните преговори. Пратеникот во Думата, Алексеј Чепа, денеска изјави дека третата рунда преговори со Киев би можела да се одржи до крајот на месецот, но само ако Украина престане да ги напаѓа воздухопловните бази каде што се наоѓаат руски стратешки бомбардери.
Препорачано
СБУ провела нову унікальну спецоперацію і втретє вразила Кримський міст — цього разу під водою!
Операція тривала декілька місяців. Агенти СБУ замінували опори цього незаконного об’єкта.
➡️ https://t.co/Rf4fR7QDXk pic.twitter.com/wgsS4HoCbc
— СБ України (@ServiceSsu) June 3, 2025
Барањето доаѓа само два дена по историскиот напад со беспилотни летала на Украина врз воените аеродроми низ Русија, вклучувајќи ги и базите во Сибир, при што беа погодени бомбардерите Ту-95, Ту-160 и Ту-22М3 – клучните носители на руските ракетни напади врз Украина.
Украински извори тврдат дека повеќе од 40 авиони биле оштетени, додека Русија тврди дека биле погодени десетина авиони.
Во меѓувреме, руските медиуми објавија, а „Ројтерс“ пренесе дека на преговорите во понеделник, руската страна навела дека ќе се согласи на крај на војната само доколку Украина предаде големи нови делови од својата територија и ако прифати ограничување на големината на својата војска. Новите услови, кои Москва формално ги претставила на преговорите во Истанбул, дополнително ја заплеткуваат ситуацијата и го прават решението подалечно, пишува „Ројтерс“.
Украина денеска изврши нов голем напад, овој пат врз Кримскиот мост кој го поврзува анектираниот полуостров со руското копно. Во нападот, според извештаите, биле употребени 1.100 килограми подводен експлозив.
ВИДЕО: Експлозии на кримскиот мост, Украинците активираа 1.100 кг експлозив