Прв случај на Африканска свинска чума во земјава/ Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

По искоренувањето на „свинската чума“, операторите ќе може да извезуваат во ЕУ

Агенцијата за ветеринарство, по искоренувањето на болеста и престанокот на вакцинирањето, до Светската организација за здравствена заштита на животните и официјално го достави досието за стекнување статус на „Земја слободна од класичната свинска чума“. По ова, ќе може слободно да се извезуваaт живи свињи, свинско месо и нивни производи на европскиот пазар.

Во земјава има 13 оператори со храна кои се регистрирани за извоз во Европската Унија, а одобренијата да се занимаваат со оваа дејност, од европските власти им се издадени во последните 2 години.

Според минатогодишниот попис на свињарските фарми, евидентирани се вкупно 3.790 одгледувалишта со 133.400 свињи.

Во периодот 2008-2018, просечното годишно производство на свинско месо е 9,37 илјади тони. Проценето е дека околу 90 отсто од домашните потреби за сурово свинско месо се покриени со домашното производство, но македонската месна индустрија за своите потреби целосно увезува замрзнато свинско месо. Главните пазари од кои се увезува свинското месо се ЕУ (62 отсто), Бразил (11 отсто) и Полска (4 отсто).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот