Фото: Општина Гази Баба

По бројните пријави на загаден воздух и смрдеа, конечно започнаа инспекции низ Гази Баба

Откако изминативе денови жителите на општините Гази Баба и Аеродром се повеќе го актуелизираа проблемот со загадувањето во околината на Вардариште и уште неколку локации, од каде според жителите постојано се гледал црн чад и ужасен мирис на гуми, од Општина Гази Баба вчеравечер излегоа на терен во инспекција на локации за кои граѓаните со денови се жалеа на социјалните мрежи.

„На терен заедно со мешани тимови од Секторот за инспекција на Општина Гази Баба и полициски службеници. Вршиме контроли на критичните локации кои беа идентификувани како можни извори на загадување“ информираше Стефковски.

Тој соопшти дека по бројните пријави од граѓаните, извршена е контрола во која веќе за едно правно лице постојат индиции дека е извор на загадување и информираше дека Општината последно добила пријава и за пошар во Трубарево.

„Доцна вечерва добивме пријава за пожар во Трубарево. Веднаш реагиравме и стапивме во контакт со Центарот за управување со кризи, по што се преземаат мерки за негово гаснење“, вели градоначалникот.

Тој додава дека фотографиите со густ црн чад што се споделуваа вчера се од пожарот на депонијата во Арачиново и најави посилни контроли во текот на наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот