фото: facebook.com/besa.doberdoll

ПМФЛ: Вардар во битката за опстанок одигра реми против Беса 1976

Денеска во рамките од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига фудбалерите на Вардар и Беса 1976 ремизираа без голови 0:0.

За Вардар ова беше петто реми во шампионатот и ги одржува шансите за опстанок во елитата.

Моментно скопските „црвено-црни“ се надвор од опасната зона, односно се на деветтата позиција со 17 бодови.

Беса 1976 после шестото реми во првенството се наоѓа на позиција која води во понизок ранг, ја зазема претпоследната 11 позиција со 15 бодови.

Во следното коло Вардар на 5 март го очекува градското дерби против Работнички, додека Беса 1976 истиот ден ќе го пречека Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот