Момент од натпреварот ФК Силекс - ФК Вардар/фото: facebook.com/FKVardarSkopje

ПМФЛ: Силекс со пресврт до триумф над Вардар, Струга славеше во „езерското дерби“

Денеска се одиграа двата заостанати натпревари од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига: Струга Трим Љум – Воска 1:0 и Силекс – Вардар 3:2.

Стрелец на единствениот гол за актуелниот шампион во „езерското дерби“ беше Згуро од пенал во самиот финиш од мечот.

Во вториот дуел одигран во Кратово скопските „црвено-црни“ поведо со голот на Мишковски во 14 минута.

Водството на гостите траеше до 20 минута кога израмни Каланоски, а истиот играч се погрижи за позитива на домашниот состав седум минути подоцна.

Серафимовски во 77 минути стрелаше за 3:1, а конечниот епилог беше поставен во 89 минута кога погодок запиша Јусуфи.

По 17 одиграни кола Струга е моментно на првото место со 36 бодови, Силекс после седмата победа сезонава е четвртопласиран со 27, потоа Воска Спорт е на 11 позиција со 17, три повеќе од Вардар на 12 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот