Фото: FK Sileks

ПМФЛ: Силекс се враќа на врвот, победа и над Работнички за „пет од пет“

Силекс го победи Работнички со 3:1 во Кратово и го продолжи максималниот ефект во Првата македонска фудбалска лига. Во еден интересен натпревар, кратовци успеаја да искористат поголем дел од своите шанси, а новиот тренер на гостите Алпарслан Ердем дебитираше со пораз.

Во 20 минута, голманот на Силекс, Љупчо Џеков, се повреди по судирот со Трајков и ја напушти играта, а на негово место влезе Даниел Божиновски.

Во 32 минута, Флоријан Кадриу искористи грешка на истрчаниот Даниел Божиновски, имаше празна мрежа откосо од левата страна, но не успеа да погоди на вистинското место.

Силекс поведе со 1:0 во 43 минута. Хрвановиќ реагираше одлично на центаршутот од левата страна и со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на Васко Василев.

Во 61 минута, кратовци зголемија и на 2:0. Анѓелески го проигра Ади Алиќ во шеснаесетникот, тој се ослободи од Велкоски и со прецизен удар го совлада Василев.

Во 75 минута, гостите бараа пенал, при стартот на Ѓорѓе Џеков над Калани Алмеида во шеснаесетникот, но Стојанче Трпчевски во прв момент не досуди. Сепак, потоа на повик од ВАР собата, повторно го погледна моментот и покажа на белата точка. Џелил Асани беше успешен реализатор во 79 минута од дуелот.

Во завршницата, Давид Матески постигна погодок за Силекс, а беше досуден офсајд. Но, подоцна, по интервенција од ВАР собата, погодокот беше признат и Силекс славеше со конечни 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот