Фото: ФК Силекс

ПМФЛ: Силекс пукна „петарда“, Вардар го доби градското дерби против Работнички

Шест натпревари од 22 коло во Првата македонска фудбалска лига, највисоката победа ја забележа Силекс на гостувањето кај Беса 1976 со резултат 5:0.

Клубот од Кратово ги реши дилемите веќе по првите 45 минута кога постигна три голови преку Алиќ во третата, Ѓорѓиевски во 29 и Хрвановиќ во 37 минута.

„Петардата“ во второто полувреме ја комплетираа Оусман во 50 и Донов во 57 минута од средбата.

Играчите на Вардар беа подобри во градското дерби против Работнички (2:0) со погодоците на Спахиу во 36 и Мато во 91 минута.

Тиквеш минимално со 1:0 триумфираше над Шкупи со голот на Садик во 89 минута. Тимот од Чаир играше со фудбалер помалку во 26 минута кога поради втор жолт картон Кадриу мораше предвреме да го напушти теренот.

Пелистер славеше против Воска Спорт (1:0), а стрелец на единствениот гол за победа на битолската екипа беше Бошковски во 65 минута. Со истиот резултат Гостивар ја надигра Брера Струмица со голот на Ервин во 88 минута.

Актуелниот првак Струга беше убедлива против Шкендија (3:0), мируваа мрежите во првиот дел, но затоа во вториот тетовските „црвено-црни“ дојдоа до бодовите со двата гола на Радиќ во 51 и 68 минута, и Радески во 63 минута од натпреварот.

На табелата води Шкендија со 46 бодови, пред Силекс кој има 44, а на третото место е Гостивар со 43. Следува Работнички кој има 41, петтопласирана е Струга со 35, редоследно од шестата до 12 позиција се наоѓаат: Шкупи (31), Пелистер (26), Вардар (20), Тиквеш (18), Воска Спорт (18) и Беса 1976 (15).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот