фото: KF Shkëndija

ПМФЛ: Шкендија рутински до победа над Башкими

Првото полувреме во Тетово не донесе многу квалитетен фудбал, но ја потврди класата на Шкендија, која со половина сила создаваше шанси и постигна гол, додека Башкими беше максимално концентриран на одбраната и ја чекаше својата шанса од контранапади.

Првата вистинска акција ја имаше Шкендија во 24 минута, кога гостинската одбрана направи грешка, а Бесарт Ибраими беше запрен од голманот Јашар, кој ја испрати топката во корнер. По изведувањето, Красниќи одлично нафрли во шеснаесетникот, а Решат Рамадани со глава погоди за 1:0.

Потоа, Шкендија се закани преку Трумчи и Красниќи, но резултатот остана непроменет. Најдобрата шанса за зголемување на водството ја имаше Лиридон Латифи, кој повторно беше спречен од одличниот Јашар.

На самиот почеток од второто полувреме, по една наизглед безопасна акција, Шкендија дојде и до вториот гол. Ибраими шутираше, Зука несреќно ја отклони топката кон Тамба, кој без проблем ја смести во мрежата за 2:0 во 53 минута.

Во 74 минута, Фетаи играше со рака по нафрлена топка пред голот на Шкендија. Главниот судија, по консултација со ВАР, покажа на белата точка. Хоџиќ беше прецизен, испраќајќи го голманот Амзаи на едната, а топката на другата страна за 2:1 во 76 минута.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, иако Шкендија имаше неколку добри можности преку Латифи, Адеми и Решат Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот