Фото: ФК Работнички

ПМФЛ: Работнички победи во дербито и остана осамен на врвот, Силекс со лекција за шампионот, пораз за Вардар од Беса

Денеска се играа натпревари од осмото коло во македоската Прва лига и во нив најубедливата победа ја забележа тимот на Силекс кој одигра одличен натпревар и во Струга славеше против актуелниот шампион со 1:4.

Кратовчани го одиграа еден од своите најдобри натпревари сезонава и покажаа дека можат да бидат конкурентни за врвот на табелата.

Работнички на свој терен славеше победа од 1:0 во дербито со Гостивар и така остана осамен на врвот на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мазари во 15. минута од средбата.

Вардар претрпе пораз на гостувањето кај Беса со 2:1 и така остана претпоследен на табелата. Стрелци на головите за домаќините беа Есати и Фетаи, додека голот за Вардар го постигна Омерагиќ.

На останатите средби не видовме погодоци на дуелите Пелистер – Шкупи и Тиквеш – Шкендија, додека Брера и Воска одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО ПМФЛ:

Брера – Воска 1-1

Беса – Вардар 2-1

Пелистер – Шкупи 0-0

Работнички – Гостивар 1-0

Струга – Силекс – 1-4

Тиквеш – Шкендија 0-0

ТАБЕЛА: Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17. Гостивар 17, Струга 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот