Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ПМФЛ: Фудбалерите на Вардар и Брера одиграа реми на Националната арена
Екипата на Вардар не успеа да ја забележи третата победа во третото коло од Првата македонска фудбалска лига, откако во петокот на арената „Тодор Проески“ во Скопје одигра 2:2 против тимот на АП Брера.
Препорачано
Струмичани во главниот град дојдоа по поволен резултат и успеаја да го остварат. Двапати водеа и на крајот стигнаа до првиот бод сезонава. Вардар, пак, мораше да се задоволи само со реми по двете победи над Пелистер и Тиквеш во првите две кола.
По само 15 минути игра, Брера успеа да поведе со голот на Ндзенгуе, кој искористи невнимание на одбраната на Вардар. Интернационалецот од Габон излезе сам пред Талески и умешно го лобуваше домашниот голман.
Сепак, само четири минути подоцна, Роџерс Мато погоди во гостинската мрежа за израмнување на 1:1. На полувреме, сепак, Брера замина со водство. Зоран Ивановски одлично продре по десната страна, истрча околу четириесетина метри, излезе сам пред Талески, а потоа прецизно погоди за 1:2.
Во вториот дел Вардар целосно доминираше и имаше огромен посед на топката. Создаде неколку ситуации, а на крајот во 88. минута, по една интервенција на Вргов со глава надвор од шеснаесетникот, топката стигна до Мато на околу четириесет метри од голот. Тој мајсторски, со прекрасен удар, го погоди празниот гол на Брера за конечни 2:2.
Струга Трим Лум го совлада и Работнички за „три од три“ во Првата лига
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5