Фото: KF Bashkimi

ПМФЛ: Башкими го „тресна“ лидерот, Брера немоќна во Ѓорче

На македонските фудбалски терени денеска се одиграа два натпревари во рамките од шестото коло од ПМФЛ, а во нив победи славеа екипата на Башкими и Македонија Ѓорче Петров.

Екипата на Башкими приреди изненадување и по двата порази се врати на победничките патеки и тоа против актуелниот вицешампион и лидер на табелата Силекс славејќи победа о 2-1.

Изненадувањето го најави екс-фудбалерот на Шкупи, Aворино кој погоди по 20-тина минути игра и тоа беше единствениот гол во првите 45 минути.

Само што започна вториот дел, Филип Алексовски во 53. минута се погрижи за 2-0. Башкими по еден час игра остана со фудбалер помалку откако исклучен беше  Фисник Зука. Сепак гостите од Кратово до крајот само постигнаа гол со кој го ублажија поразот.

За Силекс ова беше прв натпревар во кој испушти бодови бидејќи од стартот на сезона имаа пет победи во исто толку натпревари.

Во вториот натпревр, Македонија Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога славејќи со 2-0 над Брера. Стрелци за домаќините беа Христов во провто полувреме и Талаков во второто. И на оваа средба видовме исклучување  и тоа кај гостите кога црвен картон заработи Хасан во 63. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот