
ПМФЛ: Арсими среде Битола го прегази Пелистер
Екипата на Арсими оствари убедлива и важна победа во рамките на петтото коло од Првата македонска фудбалска лига, откако среде Битола го декласираше Пелистер со високи 4-0.
Препорачано
Иако првото полувреме помина без голови, гостите од Кичево го отворија резултатот во 66. минута преку Бесагиќ, кој ја затресе мрежата на битолчани и го најави распадот на домашната одбрана.
Само неколку минути подоцна следеше шок за Пелистер, Таипи и Шефити погодија еден по друг и за кратко време резултатот беше 0-3. Гостите не застанаа тука и го искористија падот во играта на домаќините и пред крајот на натпреварот постигнаа уште еден гол, за да го заокружат убедливиот триумф.
Со оваа победа Арсими скокна на седмото место на табелата и сега има пет освоени бодови, додека Пелистер, и покрај домашниот пораз, остана на шестата позиција со шест бода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26сек
-
46мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5