Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/Olivier Matthys

Пленковиќ отпуштен од болница по интервенција на срцето, во понеделник се враќа на работа

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, каде што се лекуваше од повремено нарушување на срцевиот ритам- пишува Политика.

Пленковиќ ја напушти болницата нешто по 17 часот.

Хрватската Влада соопшти дека премиерот во понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Процедурата на која Пленковиќ беше подложен синоќа беше претходно планирана и помина без проблеми, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, соопшти хрватската Влада.

Според програмата, хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ во понеделник треба да ги посети реновираните згради во Загреб, кои беа оштетени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата на претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, како и на состанокот на жупанијата Вараждин на ХДЗ и на прославата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ, известува дека Тањуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот