
Племето Хунза е најздраво на светот, а нивната тајна за долговечноста се вика „гладна пролет“!
Стариот народ Хунза е сместен на самата граница на Пакистан и Индија, а познат е по тоа што нивниот животен век трае помеѓу 110 – 120 години. Поради долговечноста нивната земја се нарекува „оаза на младоста“. Скоро никогаш не се болни, а благодарение на гените секогаш изгледаат младолико. Тие се вистинскиот пример дека скоро идеалниот начин на живот навистина постои.
Препорачано
Тие се бањаат во ледена вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а раѓаат деца и на 65-годишна возраст. Преку лето тие јадат свежо овошје и зеленчук, а за време на зимата консумираат суви кајсии, житарки и овчо сирење.

Но, постои и период кога Хунзите не јадат ништо, познат како „гладна пролет“. Името го добил по тоа што овошјето тогаш е се уште незрело и пијат исклучиво сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеца и тие го сметаат за најважен во однос на нивното здравје и начин на живот.
Протеините ги внесуваат во најмали количини, а дневно во просек внесуваат 1.933 калории, од кои 50 грама се протеин, 36 грама масти и 365 грама јаглехидрати.
Од искуство на многу новодојденци, кои се преселиле по долината на реката Хунза, заклучокот е дека главниот фактор за долговечноста е здравата исхрана. Шкотскиот лекат Мек Харисон по враќањето во Англија, извел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна од лондонско работно семејство, кое консумирало бел леб, билки, преработен шеќер, конзервирана храна и варен зеленчук.

Другата група на животни се хранела со храната на Хунза луѓето и останала совршено здрава. Книгата „Хунза – луѓето кои не знаат за болест“ од авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот.
Тоа е вегетаријански начин на исхрана: големи колични на сирови намирници, доминација на овошје и зеленчук, природни производи, без хемикалии, намирници кои се спремаат така што се чуваат сите нивни биолошки вредни материи, алкохол и благо не се консумира, но се почитува и редовен период на гладување.
На меѓународниот конгрес за канцерогени пациенти во Париз, во летото 1977 година, стручњаците објавиле дека потполно отсуство на рак се јавува само кај народот Хунза.
Нивните постојано насмеани лица и доброто расположение исто така допринесуваат за нивното добро ментално здравје и физичко здравје.