Бојан Стојаноски ВМРО-ДПМНЕ Фото: Принтскрин

Платформата за борба против корупцијата остро реагира откако пратеникот Стојаноски ја обвини дека е под влијание на политички партии

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на „обидите на пратеникот Бојан Стојаноски да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии“.

„Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и од Европската Унија, пратеникот Стојаноски изнесе лични ставови и информации против Платформата, велат оттаму во писмена реакција.

Платформата најостро реагира и бара Собранието да го осуди ваквото однесување на пратеникот.

„Во Платформата членуваат 14 организации како постојани членки кои со својата работа се докажале како искусни и стручни во дејноста и биле вклучени во многу консултативни процеси кои имале за цел да се унапредат одредени системски прашања за борба против корупција кои биле во согласност со меѓународните барања и пракса. Платформата го осудува овој обид да се наруши угледот на нејзините членки, кои исклучиво работат во корист на граѓаните, а тој е јавните институции да го штитат јавниот интерес, да ја спречат корупцијата и да испорачаат услуги во нивна корист“, пишува во соопштението.

„Собранието пропушти можност да овозможи експертска консултации, што е спротивно на искажаните заложби за креирање политики со вклучување на сите капацитети со кои располага македонското општество. Оваа пракса не треба да продолжи и во иднина доколку сакаме да носиме закони во интерес на граѓаните“, додаваат од Платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот