Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Пирло ќе ја враќа Сампдорија во Серија А

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Андреа Пирло ќе ја преземе клупата на Сампдорија со која ќе потпише двегодишен договор, пренесува „Тутоспорт“.

Во договорот на Пирло ќе постои опција и за продолжување на трета ако двете страни бидат задоволни. Тимот од Џенова прво се обидуваше да го доведе Фабио Гросо кој сепак ја одби понудата.

Пирло на клупата пристигнува како наследник на Дејан Станковиќ кој си замина откако тимот испадна во Серија Б.

Според најавите, Пирло во наредните неколку дена ќе биде промовиран на клупата и главната задача ќе му биде враќање во Серија А. Минатата сезона Пирло беше на клупата на турски Карагумрук од каде што доби отказ, а претходно го водеше Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот