Илустративна фотографија / Фото: Pixabay

Пионерски успех на хирурзите во Тибет: Далечински изведоа сложена операција со помош на робот и 5Г мрежа

Хирурзи од Тибет успеаја да изведат сложена операција со далечинско управување на хируршки роботи преку 5Г мрежа – на височина од 4.500 метри надморска височина.

Операцијата поврза две болници оддалечени илјадници километри. На едниот крај беше тимот на професорот Лју Жију од Втората придружна болница на Медицинскиот универзитет во Далијан, во провинцијата Љаонинг, а на другиот доктор Ванг Јанлонг, директор на одделот за урологија во Народната болница во Нагчу и член на медицинскиот тим од Љаонинг, кој се наоѓаше во Тибет.

И покрај меѓусебната оддалеченост од 4.000 километри, тие успеаја во реално време да изведат пионерски уролошки зафат.

Поради големата надморска височина во Нагчу, секој аспект од операцијата претставувал предизвик: стабилноста на роботската опрема, јасноста и брзината на 5Г преносот, па дури и способноста на лекарите да работат во толку тешки услови.

За да биде ова можно, двете болници соработувале со провајдери на мрежа, спроведувајќи безброј тестови и симулации за да се осигури дека роботите и 5Г системите беспрекорно функционираат во екстремни услови.

Медицинскиот тим, исто така, поминал недели во проучување на случајот на пациентот, креирајќи персонализиран хируршки план и увежбувајќи ја процедурата до совршенство.

„Од медицинска гледна точка, ова претставува голем пробив во областа на 5Г далечинската роботска хирургија“, изјави д-р Јанлонг.

„Овој успех докажува дека дури и во екстремно тешките услови на оваа висорамнина, напредната технологија може да овозможи далечинско споделување на висококвалитетни медицински ресурси, нудејќи успешен модел за надминување на нееднаквоста во пристапот до здравствени услуги во оддалечените планински региони низ светот“, додаде тој.

Искуството што експертите го стекнаа со оваа операција ќе отвори пат за 5Г далечински зафати и во уште посложени сценарија, потенцијално трансформирајќи го начинот на кој се обезбедува животно важна здравствена заштита во најнедостапните делови на светот, пишува „Јуроњуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот