
Пикси не се плаши од Англичаните: Игравме со нив на Европското првенство
Селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси даде свој коментар на групата која ја доби Србија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Препорачано
Иако Англија е прв фаворит во групата, Пикси верува дека Србија може да се надигрува со „Гордиот Албион“.
„За да се пласирате на Светско првенство морате да победувате. Нашата цел секогаш е да бидеме број 1 и сега сакаме да одиме во САД, Канада и Мексико, ќе дадеме се од себе да бидеме успешни“.
Потсети и на нивниот дуел на Европското првенство ова лето.
„Игравме против Англија на Европското првенство и не заслуживме да изгубиме. На хартија, по сила и квалитет секако се први фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Го променија селекторот, меѓутоа туак се истите фудбалери со кои се запознавме во Германија“, изјави Пикси.
Дуелите со Албанија ќе привлекуваат внимание и поради тензичната политичка ситуација помеѓу двете земји, а секако свесен за тоа е и самиот Пикси.
„Покажаа напредок и сигурно ќе бидат незгоден противник. Ме радува што ќе играме во Тирана на преубав стадион каде што се играше финалето од Лигата на Конференции. Свесен сум дека за јавноста овие два натпревари ќе бидат интересни и од други причини. Сепак, тоа нас не не интересира, важно ни е само тоа што е поврзано со фудбалот“, истакна српскиот селектор.
Ќе потсетиме, директен пласман на Мундијалот обезбедува првопласираната селекција во групата, додека второпласираната ќе оди во бараж.
Македонија ги доби противниците во квалификаците за СП 2026!