Фото: илустрација / Jugmedia.rs

Пијан скопјанец на тротинет влетал во луѓето што протестираат во Аеродром

31-годишен скопјанец вчера возел електричен тротинет пијан во населбата Аеродром и не запрел на знак од полицајци, по што влетал во група граѓани кои протестирале против депонијата „Вардариште“ на крстосница, информираат од полицијата.

„На 06.09.2025 во 19:10 часот во Скопје, на подрачјето на Општина Аеродром, полициски службеници го привеле К.Р.(31) од Скопје, поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир со тоа што управувајќи тротинет, не застанал на даден знак од полициски службеници и влетал во група на луѓе, кои присуствувале на протест. При извршен алкотест, било констатирано дека К.Р. е под дејство на алкохол, односно имал 1,53 промили алкохол во крвта. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот