Пијан Англичанец нападнал стјуардеса и навредувал пилоти, авионот итно слетал на аеродромот во Задар

Поради пијан 28-годишен британски државјанин, авион кој летал од Лондон за Софија принудно слетал на аеродромот во Задар, Хрватска известија од полициската управа на Задар, објавија хрватските медиуми.

Во понеделникот околу 18 часот полицијата добила дојава дека капетанот на авионот решил да го прекине летот и принудно да слета во Задар бидејќи патник го нарушувал јавниот ред и мир и физички нападнал 31-годишна стјуардеса.

Дваесет и осумгодишен патник, кој бил видно под дејство на алкохол, при полициската истрага одбил да биде тестиран за присуство на алкохол во телото, а за време на летот на особено дрзок и груб начин викал и кревал врева, навредувајќи ја кабинската екипа, што ги вознемирувало и останатите патници во авионот.

Како што се истакнува во соопштението, со намера да создаде понижувачка и навредлива средина, врз основа на разликата во бојата на кожата, го нарушил достоинството на кабинскиот екипаж во авионот.

Со обвинителниот акт е изведен во Одделот за прекршоци при Општинскиот суд во Задар, кој со правосилна одлука му изрече парична казна од 2.400 евра за прекршоците што ги направил.

Аеродромот Задар за инцидентот ја известил хрватската агенција за цивилно воздухопловство за да бидат преземени мерки од нивна надлежност.

Во инцидентот нема повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот