Фото: EPA

Пи Диди денеска повторно ќе се појави пред судот: Ќе сведочат жените кои тврдат дека раперот сексуално ги злоупотребил

Раперот Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, која е осуден за трговија со луѓе и сексуална експлоатација, денеска повторно ќе се појави пред судот во Њујорк, каде ќе се сведочат жените кои биле сексуално злоупотребени. Тие тврдат дека раперот ја искористил својата слава и богатство  за да ги матретира и сексуално да ги злоупотребува.

Се очекува поротниците да слушнат сведоштва од три, а можеби и од четири жени за време на двомесечното судење.

Комбс (55), се изјасни за невин по пет точки од обвинението.

Доколку сепак биде осуден по сите точки од обвинението, тој ќе се соочи со задолжителна минимална казна од 15 години, а може да биде осуден и на доживотен затвор.

Конечниот избор на поротници е завршен. Избрани се дванаесетмина поротници и шест заменик-поротници кои кои се непристрасни во случајот и покрај големото медиумско внимание.

Обвинителите го обвинуваат Комбс дека ја користел својата бизнис империја за да ги принудува жените на сексуални односи помеѓу 2004 и 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот