Плакат за петтото издание на „Клинци“

Петтото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ ќе се одржи во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ на 20 декември, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи петтото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ со поддршката од „Јуроп хаус Скопје“ (Europe House Skopje).

Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање на кое ќе настапат младите автор(к)и Дамјана Видическа, Милена Сиљаноска, Теодор Тасевски и Андреј Медиќ Лазаревски. Настанот ќе го модерира поетесата Марија Велинова.

На ова издание на „Клинци“ учество ќе земат и „Скопје колаж колектив“ (Skopje Collage Collectivе) кои ќе се претстават со изложба составена од избор колажи од нивните предизвици.

Автор(к)и на изложените колажи се Јане Вељаноски, Николета Георгиевска, Мартина Даниловска, Филип Зарков, Ива Јованова, Теодор Јуруковски, Андреј Медиќ Лазаревски, Катерина Мандариќ, Стефан Назифовски, Димитар Назифовски, Марко Трпески. Изборот за изложбата е направен од основачите на колективот Филипа Сара Попова и Марко Трпевски.

По настанот, во организација на кафе-книжарницата „Буква“, ќе се случи и концерт на Симеон Ангеловски Квартет – Симеон Ангеловски, бас, гитара; Андреј Петровски, гитара; Давид Георгиев, тапани; и Иван Иванов, саксофон. Со овој настан „Култура Бета“ ги затвора програмските активности за 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот