Турски државјани осомничени за убиството во Штип се спроведуваат во Судот / Фото: МИА

Петтемина осомничени за убиството на турскиот студент во Штип се изведени пред судија

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се изведени петтемина осомничени, вмешани во синоќешното убиство на 25-годишниот студент од Турција во кафе-бар на плоштадот во Штип.

Судија на претходна постапка треба да одлучи дали на осомничените ќе им биде одредена мерка притвор. Полицајците во судот ги донесоа 21-годишниот К.К., државјанин на Турција, за кој постои сомнение дека го сторил убиството, потоа А.Х, Т.М., О.М, и А.О. на возраст од 21 до 29 години, сите турски државјани, поради сомнение дека му помагале на К.К да побегне.

Нападот врз 25-годишниот Е.О. се случи вчеравечер во кафе-бар во Штип, а момчето беше итно пренесено во болница, каде за жал лекарите не успеале да го реанимираат. Осомничените со два автомобила се обидоа да избегаат кон Скопје и ја пробија рампата на наплатната станица на автопатот кај Миладиновци, по што беа фатени.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка од крвавиот напад во Штип – пукачот е во бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот