
Петта жртва на епидемијата на легионерска болест во Њујорк
Петта жртва почина како резултат на ширењето на легионерската болест во Њујорк, објавија денеска американските здравствени власти, пренесува Еј-Би-Си.
Препорачано
Епидемијата избувна во центарот на Харлем кон крајот на јули. Десетици луѓе се заразени, а од вчера 15 пациенти се хоспитализирани, додека петтата жртва беше пријавена доцна синоќа, според соопштението.
Бактеријата што ја предизвикува легионерската болест беше откриена во 12 ладилни кули во 10 згради, вклучувајќи градска болница и клиника за сексуално здравје, соопштија градските власти на Њујорк. Санацијата на сите ладилни кули е завршена.
Легионерската болест е вид на белодробна болест предизвикана од бактеријата легионела, која напредува во топла вода и се шири преку водоводните цевки во зградите. Епидемијата во Њујорк е поврзана со ладилните кули каде што се користи вода и голем вентилатор за ладење на зградите.
Според американските Центри за контрола и превенција на болести, симптомите на болеста вклучуваат кашлица, треска и главоболка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5