Петровски прашува дали Палчо добивал инструкции од Белата палата за да нема отпор против промена на името?

Филип Петровски/Фото: Принскрин

Филип Петровски во неговата емисија на Инфомакс рече дека во 2018 неколку „структури“ оставени на цедило од Белата палата, се издвоиле, а меѓу нив бил и Палчо.

– Во тие структури очигледно беше дека постојат луѓе внатре што треба да ги разединат и се на задача да не дозволат да се створи автентичен македонски отпор против промената на името. Дали Палчо добивал инструкции од Белата палата за да нема автентичен отпор против промената на името? Неколку елемети говорат во прилог на тоа“ изјави Филип Петровски во неговата емисија на Инфомакс.

Во неговата емисијат на Инфомакс, Филип Петровски упати и прашање до врвот на ВМРО-ДПМНЕ, дали на убиецот на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо му било ветено и преговарал да влезе во извршниот одбор на опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот