Фото: Министерство за одбрана

Петровска: Остануваме солидарни со Украина

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска учествуваше на состанокот на Контакт-групата за Украина кој под водство на секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин се одржа во Рамштајн, Германија.

На состанокот на кој учествуваа над 35 министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, министерката Петровска порача дека Македонија е одлучна во својата поддршка за Украина и украинските граѓани кои се борат за својата сувереност и независност.

Фото: Министерство за одбрана

-Северна Македонија е солидарна со Украина и нејзините граѓани. Министерството за одбрана продолжува да ја дава својата поддршка во согласност со одлуките на Владата и барањата од украинската страна. Во финална фаза се подготовките за реализацијата на обуката за украинските вооружени сили и сакам да нагласам дека разгледуваме дополнителни можности за обука во нашата земја во блиска иднина. Убедени сме дека нема алтернатива за континуираната поддршка за Украина, рече Петровска, и додаде дека почитувањето на принципите на меѓународниот правен поредок е императив, особено кога Европа е соочена со безбедносни закани. Само преку заеднички напори и одлучност за почитување на овие принципи можеме да имаме долготраен мир и стабилност, заклучи министерката.

Состанокот на украинската Контакт-група го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров и државната секретарка во германското министерство за одбрана, Зимтје Молер.

Контакт-групата ја сочинуваат над 50 земји кои под водство на Соединетите Американски Држави ги координираат своите напори за помош и поддршка на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот