
Петровска го повика Александар Николоски на ТВ дуел
Министерката за одбрана Славјанка Петровска објаснувајќи го процесот на набавка на хеликоптерите го повика на телевизско соочување пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Препорачано
– Кога сме на таа тема, јас секогаш сум отворена, прашањата ги одговарам директно, меѓутоа и овие обвнивања сум поготвена да ги одговорам директно и еве ова нека биде една покана до пратеникот Александар Николоски за едно ТВ соочување со мене на тема хеликоптери и сè што има да каже слободно нека ми каже на телевизија, пред граѓаните – порача вечерва министерката Петровска во гостување на ТВ21.
Таа додаде дека Николоски е министер за одбрана во сенка.
– Од коментарните што ги чув од Александар Николоски и од неговиот колега (Драган Ковачки), имам дилеми дали до толку не знаат што зборуваат или свесно го прават тоа за да ме омаловажат мене или свесно да ги поткопаат процесите, но сега веќе го знам одговорот, и кога ќе се сетам на целосната изјава на пратеникот Александар Николоски кој е и потпретседател на партијата, а она што се слуше веќе во партијата го одредиле и за министер за одбрана во сенка, кога вели ние тие пари ќе ги пренамениме за општините и тука станува јасно дека тие (ВМРО-ДПМНЕ) немаат намера да продолжат со процесот на модернизација на одбраната. Тие сакаат македонската армија да ја вратат во 2017 година, таму каде што ја оставија и оваа изјава е потрврда за тоа – рече таа.