Фото: МИА

Петрич: Кога ЕУ подига граници, позитивна е идејата за мал Шенген на Србија, Македонија и Албанија

Австрискиот дипломат и поранешен висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Волфганг Петрич, позитивно ја оцени иницијативата за отстранување на бариерите во соработката на Србија, Македонија и Албанија, во истовреме кога во Европската Унија се подигаат граници.

– Бев позитивно изненаден кога трите соседни земји, кои имаат силна економска соработка, решија да се впуштат во „малиот Шенген”, во време кога во Западна Европа, во рамките на ЕУ се подигаат граници, изјави Петрич за Танјуг.

Тој смета дека оваа иницијатива е многу корисна на патот кон ЕУ и дека соработката по иницијатива од регионот е она што е потребно за Западен Балкан.

– Потребни се сопствени иницијативи на Балканот, кои се во духот на европското обединување – истакна Петрич.

Тој ги отфрли како неосновани претходните стравувања на одделни земји во регионот дека регионалната економска заедница може да биде пречка на патот кон ЕУ, нагласувајќи дека треба да се искористат сите понудени можности, во смисла на интеграциите.

– Регионалната интеграција на Балканот е јасен предуслов за поголема европска интеграција. Верувам дека таа не е пречка, туку дека може да придонесе преку соседската политика да се проба она што подоцна ионака ќе биде потребно во ЕУ – објасни Петрич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!