Скопје, Инфективна клиника / фото: МИА

Петмина од починатите од ковид-19 во изминатиот ден имале под 45 години, сите се од Скопје

Дури петмина од пациентите кои починале од ковид-19 во изминатите 24 часа имале помалку од 45 години, а сите биле од Скопје, покажуваат податоците на здравствените власти.

Починатите биле на возраст од 33, 34, 36, 40 и 44 години, а како и другите 12 пациенти кои ја загубиле борбата со опасниот вирус во изминатиот ден, и тие починале во болнички услови, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во тој период се регистрирани 544 нови случаи на заразени со вирусот, а 891 пациент оздравел.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 187.622, бројката на оздравени пациенти е 168.700, починале 6.489 пациенти, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 12.433.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот