Мултипла склероза Фото: Picpedia.org

Пет знаци на подмолната мултиплекс склероза: Внимание, симптомите се слични на менопауза

Мултипла склероза (скратено МС, исто така позната како disseminated sclerosis или encephalomyelitis disseminata) е болест на воспаление кај кој масните миелински обвивки околу аксоните на мозокот и `рбетниот мозок се оштетни, што води до демиелинизација и лузни како и широк спектар на знаци и симптоми. Нападот на болеста вообичаено се случува кај младите луѓе, и почеста е кај женскиот пол. Има распространетост која се движи помеѓу 2 и 150 за 100.000. МС за првпат беше опишана во 1868 година од Жан-Мартин Шаркот.

– Мултиплекс склероза е невродегенеративно заболување и автоимуна болест која првенствено ја „напаѓа“ белата маса на централниот нервен систем – објаснува доктор Роумен Балабанов. Таа болест се случува кога имунолошкиот систем погрешно ги насочува супстанциите кои ги штитат нервните влакна во мозокот и ‘рбетниот мозок.

Секој може да заболи од МС, но жените се двојно поподложни на оваа болест, а обично се открива на возраст од 15-60 гоини. Шансите да заболите од МС се поголеми ако во вашето семејство постои историја на оваа болест. Меѓутоа, ризик од оваа болест постои и ако сте активен пушач.

Личност со МС може да страда речиси од сите невролошки симптоми и знаци, вклучувајќи промени во чувствата како губење на чувствителност или морници, боцкање или отрпнатост (хипоестезија и парестезија), ослабување на мускулите, спазми, мускулни грчеви или тешкотии при движењето, тешкотии во координацијата и балансот (атаксија), проблеми во говорот (дизартрија) или голтање (дисфазија), проблеми со видот (нистагмус, очен невритис вклучувајќи фосфени или диплопија), замор, акутна или хронична болка, и тешкотии со мочниот меур и дебелото црево. Честа појава се и сознајното оштетување од различни степени и емоционални симптоми на депресија или непостојано расположение. Унтховиот синдром, влошување на постоечките симптоми поради изложеност на повисоки температури од вообичаените, Лермитовиот знак, електрична сензација која поминува низ грбот при виткањето на вратот, се особено карактеристични МС иако не се специфични.

Прашање е дали би знаеле дали имате МС? Зависи. Во пораната фаза симптомите се појавуваат повремено. На пример, можете да почувствувате еден симптом на МС, а потоа цела година да не забележите ништо.

Ова се главни симптоми кои јасно укажуваат на мултиплекс склероза:

Слабост и замор

Околу 80 отсто луѓе во раната фаза на МС константно се жалеле на слабост во мускулите, која обично почнувала во нозете, соопштило Здружението за МС. Вкочанетоста на нозете како и заморот се знаци кои исто така укажуваат на МС. Заморот се појавува ненадејно и трае со недели додека постепено не се намали.

Проблеми со видот

Доколку сте забележале дека видот ви е заматен, причина може да биде изложеноста на монитор или едноставно, стареењето. Меѓутоа, заматениот вид или проблемите со видот се еден од првите знаци на МС, бидејќи оваа болест влијае на оптичките нерви во окото. Доколку забележате дека видот ви е заматен или дека имате чувство дека „сликата ви се дуплира“, обратете се кај лекар.

Болка и грчеви во мускулите

Луѓето коишто страдаат од МС често се жалат на силни болки во нозете, грчеви и мускулна вкочанетост. Здружението за МС наведува дека 55 отсто луѓе заболени од оваа болест чувствуваат силни болки во нозете, како и дека овие болки ги имаат почесто жените отколку мажите.

Проблеми со бешиката

Честото уринирање и трчање до тоалетот не го препишувајте на староста, бидејќи тоа можат да бидат рани знаци на МС. Зачестеното уринирање, инконтиненцијата, недостатокот на сексуална желба се подмолни знаци на оваа болест.

Проблеми со памтењето

Бидејќи МС влијае на нервниот систем, проблемите со помнењето не се ретки. Можеби ќе имате проблеми со изговарањето на одредени зборови или помнењето на истите, со организацијата како и со помнењето на распоредот и состаноците… Меѓутоа, овој проблем не е толку голем за лицето заболено од МС да не може да функционира самостојно.

Ако се посомневате дека имате МС задолжително јавете се на својот лекар. Одете на преглед на очите и кај психолог, но најважно е своите симптоми редовно да ги контролирате, бидејќи мултиплекс склерозата тешко се открива.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот