Фото: Pexels/ Andrea Piacquadio

Пет навики кои се потребни за повеќе интимност во креветот

Експертите од Институтот за истражување на сексот, репродукцијата и полот „Кинси“,  тврдат дека паровите кои почесто практикуваат интимни активности имаат поголема доверба еден во друг, полесно им е да ја искажат љубовта, здрави се, поуспешни на работа и пристапуваат кон воспитувањето на децата во многу подобар начин.

Ова се петте навики кои ќе ви помогнат за повеќе интимност со партнерот:

Добра сексуална комуникација

Многумина ќе се пожалат дека нивниот партнер во кревет не ги прави работите како што ги замислиле. На сите ни е јасно дека партнерот не може да ни ги чита мислите. За добар и чест секс потребно е да ги искажуваме чувствата, желбите и фантазиите.

Создавање атмосфера за секс

Возрасните секогаш се оптоварени со многу информации во главата во текот на работната недела. Честопати поради секојдневните грижи, го одложуваме сексот. Тајната на партнерот со добар сексуален живот е да препознае кога е добро време за интимни активно и добро да го искористи тоа време.

Испробување нови работи

За да внесете малку новитет во вашата долгогодишна врска и да се расположите во спалната соба, ќе треба да пробате нешто ново. Секој од нас има барем една сексуална желба, па најдобрата идеја е да му дозволите на партнерот да ѕирне во најинтимната сфера на вашиот ум и да открие што всушност најмногу ве возбудува. Постојат многу начини да го подобрите вашиот сексуален живот, од играчки, улоги, преку заводлива долна облека до погруба игра.

Редовни романтични состаноци

Паровите кои можат да се пофалат со својот сексуален живот знаат дека запознавањето е задолжително во сите фази од бракот. Истражувањата покажале дека паровите кои одат на романтични вечери, во театар, на патувања или кои едноставно одат на секојдневни прошетки, имаат многу подобра сексуална и љубовна врска.

Поврзување на љубовта и страста

Паровите кои за време на секс си ги кажуваат најубавите два збора „Те сакам“, многу почесто водат љубов, потврдило истото истражување. Исто така, паровите кои имаат чести изразувања на нежности, можат да се пофалат и со беспрекорна врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот