Фото: Принтскрин

Песков: Путин е на пат да стане експерт за вирологија

Тој се потсетил на шегата на Путин на неодамнешниот состанок – рускиот лидер рекол дека целата земја се претворила во виролози.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се наоѓа на пат да стане експерт за вирологија, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Русија1.

– Тоа се неговите работни принципи – тој длабоко навлегува во некоја тема, собира стручни информации и самиот станува експерт, рекол Песков.

Тој се потсетил на шегата на Путин на неодамнешниот состанок – рускиот лидер рекол дека целата земја се претворила во виролози.

– Не се сомневам дека Путин е на пат да стане виролог – заклучи портпаролот на Кремљ.

Песков додаде дека рускиот лидер наредната недела би можел да се појави со нови соопштенија за развојот на ситуацијата на коронавирусот во земјата.

Бројот на заболени од коронавирусот во Русија порасна до 80.949. Само за последните 24 часа беа откриени нови 6.361 случај, соопшти Оперативниот штаб за борба против епидемијата Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!