EPA/KERIM OKTEN

Песков потврди: Роман Абрамович учествувал во организацијата на преговорите со Украина

Бизнисменот Роман Абрамович навистина учествувал во почетната фаза на организирање преговори меѓу Руската Федерација и Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува српски Телеграф.

– Тој навистина учествуваше во почетната фаза од преговорите. Сега се водат преговори меѓу двете преговарачки страни – Русија и Украина – рече Песков.

Претходно, „Волстрит журнал“, повикувајќи се на свои извори, објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го советувал американскиот претседател Џо Бајден привремено да не воведува рестриктивни санкции против Абрамович, бидејќи може да помогне во преговорите со Русија.

За потсетување, во првите денови од руската инвазија врз Украина, некои медиуми ги пренесоа зборовите на неговиот портпарол, кој потврди дека рускиот милијардер Роман Абрамович се обидува да посредува за мирен крај на војната во Украина.

Портпаролот на сопственикот на Челзи потврди дека Роман Абрамович бил контактиран од украинската страна за поддршка за постигнување мирно решение и дека оттогаш се обидува да помогне.

– Имајќи предвид за што станува збор, бараме да разберете зошто не ја коментиравме ситуацијата како таква или неговата вмешаност – изјави тогаш неговиот портпарол.

„Јерусалим пост“ тогаш објави дека милијардерот бил во Белорусија, каде првично се одржувале мировни преговори, на покана на Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот