
Песков: На стотици илјади Молдавци им е одземена можноста да гласаат во Русија
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека на стотици илјади Молдавци им е одземена можноста да гласаат на молдавските парламентарни избори, кога станува збор за гласачките места во Русија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Од она што го гледаме и знаеме, можеме да потврдиме дека на стотици илјади Молдавци им е одземена можноста да гласаат во Руската Федерација, бидејќи за нив биле отворени само две избирачки места. Ова, се разбира, било недоволно и не можело да им овозможи на сите да гласаат“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека изборната кампања што ги придружуваше молдавските избори, според самите Молдавци, била најантидемократската во 34-те години независност на републиката.
Владејачката проевропска Партија за акција и солидарност во Молдавија освои 46 проценти од гласовите на парламентарните избори одржани во недела, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) откако беа преброени повеќе од 90 проценти од гласовите. Прорускиот Патриотски блок освои 27 проценти од гласовите, според податоците на ЦИК, објави Ројтерс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
54сек
-
4мин
-
10мин
-
10мин
-
12мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5