дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

Песков: Лидерите на ЕУ и НАТО секојдневно ја обвинуваат Русија за провокации

Портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, денес изјави дека раководството на ЕУ и НАТО секојдневно ја обвинува Русија за провокации, обично без да се обидува да изнесе какви било аргументи.

Песков го кажа ова пред новинарите, одговарајќи на прашање дали НАТО и ЕУ ја обвинуваат Русија за провокации со беспилотни летала во Полска, пренесува РИА Новости.

Полскиот премиер Доналд Туск тврди дека опасните беспилотни летала соборени над Полска биле руски, но, според руската агенција, тој не доставил никакви докази за тоа.

Како што изјави за РИА Новости вршителот на должноста руски амбасадор Андреј Ордаш, Полска не доставила докази за наводното руско потекло на беспилотните летала соборени над нејзина територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот