Дмитри Песков / Фото: Sergei Bobylev / Sputnik / Profimedia

Песков: Франција веќе индиректно учествува во конфликтот во Украинa

Франција се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина, таа веќе учествува во конфликтот, оцени денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека во таа ситуација Париз станува непријател на Москва.

„Ги читаме изјавите на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Фактот дека Русија е непријател на Франција, како што рече Макрон, е навистина очигледен за Франција, бидејќи Париз веќе интервенираше во војната во Украина“, тврди Песков.

Тој додаде дека Франција „всушност веќе индиректно учествува во војната и судејќи според зборовите на Макрон, таа не прави ништо за да го намали своето учество“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот