
Песимизам како бренд: Жителите на мал град во Финска се познати како најголемите песимисти
Дали сте слушнале дека песимизмот може да се претвори во бренд? Жителите на еден мал град во Финска успеаја да го направат тоа во обид да го спасат градот, кој има сѐ помалку жители, пишува „Бизлајф“.
Препорачано
Секој што ќе тргне кон Пуоланка, мало гратче среде Финска, ќе биде пречекан со големи жолти знаци од страната на патот. Во сиво попладне изгледаат весело, додека туристите не забележат што пишува на нив.
„Дали сте изгубени? Следен знак: Пуоланка“, предупредува еден знак.
„Наскоро, Пуоланка. Имате уште време да свртите назад“, предупредува другиот.
Како и во многу други развиени земји, стапката на наталитет во Финска опаѓа и нејзиното население старее, а изгледите се помрачни од оние кај нордиските соседи, како што е на пр. Шведска.
View this post on Instagram
Се намалува бројот на жители
Најновиот извештај од финската статистика предвидува дека населението ќе се намали до 2031 година, што предизвикува загриженост за влијанието врз социјалните и здравствените системи.
Градот има околу 2 600 жители, од кои повеќето се над 60 години. Населението на градот е преполовено од осумдесеттите години, а младите луѓе се селат во поголемите градови.
Најтешко се погодени општините како Пуоланка, место кое многумина го опишуваат како најоддалечената општина во најоддалечената финска провинција.
View this post on Instagram
Пуоланка – асоцијација на песимизам
Градоначалникот Хари Пелтола вели дека кога им кажува на другите Финци од каде потекнува, сите споменуваат „песимизам“.
Па, зошто едно оддалечено и скромно гратче одлучило да го прифати песимизмот како дел од својот идентитет?
Двајца момци одлучиле да ја искористат ситуацијата и да го претворат песимизмот во бренд, па основале необично „Здружение на песимисти“ во обид да го оживеат градот.
View this post on Instagram
Невообичаен потег на двајца инфлуенсери
„Не можеме да дозволиме градот да умре додека ние го гледаме тоа, се обидуваме да го вратиме хуморот и ваквата демографска состојба луѓето да ја прифатат со насмевка“, вели еден од нив.
Тие велат дека и песимистите можат да се смеат, нивното кафуле, кое го носи истото име, е доста популарно, а во продавниците со нивните брендови, каде што се продаваат маици на кои пишува „песимисти“ и беџови на кои има песимистички пораки за Пуоланка, работата оди одлично, па сите купуваат нешто што ќе ги потсетува на ова место. Со текот на времето Пуоланка стана култно место во Финска.
Момчињата објавуваат и иронични музички спотови на социјалните мрежи. Видеата кои го покажуваат градот во неговата песимистичка слава имаат стотици илјади прегледи на интернет.
View this post on Instagram
Една од снимките, полна со мрачен хумор, имаше 200.000 прегледи кога беше објавена на социјалните мрежи, а друга снимка достигна половина милион прегледи.
Оваа нивна „песимистичка кампања“ придонесе за голем број посетители.
Сепак, според некои анализи, Финците се најсреќните луѓе во светот. Момците од Пуоланка објаснуваат дека е важно да се биде среќен и со малите нешта.
Пуоланка се најде во дневните вести поради сосема погрешни причини, па локалните жители одлучија да прифатат дека се најлоши. Сега тоа е најпесимистичниот град во Финска и сите го знаат неговото име.
View this post on Instagram