
Пешевски: Освоивме бод во Лигата на шампионите по долго време и тоа ќе ни помогне
Пред новиот натпревар на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите покрај тренерот Бранислав Ангеловски за медиумите зборуваше и кружниот напаѓач Жарко Пешевски.
Препорачано
Пешевски верува дека бодот од натпреварот против Спортинг во претходната рунда може да им помогне да одиграат подобро во дуелот со Висла.
„Конечно го скршивме „мразот“ во ЛШ и ни падна голем товар од грбот. Освоивме бод по долго време и тој ќе ни помогне во домашните и гостинските натпревари. Гостуваме кај одличен противник, екипа која е составена од интернационалци и одличен тренер. Висла игра малку поинаков ракомет од останатите, имаат гранитна одбрана, искусни голмани и сакаат сигурно и смирено да ги завршуваат нападите. Максимално се подготвуваме и имаме свои шанси. Тие го победија Киелце, ние бевме подобри од Охрид во домашните првенстви, ќе биде супер-неизвесно. Влегуваме со позитивна атмосфера и желба за продолжување на серијата“, изјави Пешевски.
Висла на табелата во европската елита е зад македонскиот шампион и по четири натпревари е без бодови. Натпреварот во Полска на програмата е утре со почеток од 20:45 часот.
Ангеловски мотивиран пред Висла: Со позитивна атмосфера да продолжиме во ист стил
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5