фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Пеп Гвардиола запиша негативен рекорд во кариерата

Фудбалерите на Манчестер сити беа елиминирани од Реал Мадрид во плеј-офот од Лигата на шампионите, откако го загубија реваншот со 3-1, продолжувајќи ја агонијата на Пеп Гвардиола.

Менаџерот на „граѓаните“ претрпе 13 порази оваа сезона во сите натпреварувања и, според статистиката на OptaJoe, ова е негативен рекорд во неговата голема кариера.

Гвардиола никогаш не загубил 13 натпревари во една сезона, но да не заборавиме дека уште е февруари и има уште многу натпревари во Премиер лигата, па Шпанецот може да го „подобри“ негативниот рекорд.

Оваа 16 сезона во Лигата на шампионите за Гвардиола заврши во плеј-оф фазата. Тој е на чело на „сините“ од Манчестер од 2016 година. За тоа време тимот ја освои еднаш Лигата на шампионите и уште еднаш стигна до финалето.

Шпанскиот тренер пред Премиер лигата работеше во Баерн три сезони. Секој пат, тимот од Минхен беше елиминиран во полуфиналната фаза.

Гвардиола исто така помина четири сезони на клупата на Барселона. Со Каталонците два пати ја освојуваше ЛШ, а двапати беше елиминиран во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот