Пензионерка мора да врати 60.000 евра од пензијата- се жали дека нема пари

Вдовица од германската покраина Хесен одеднаш се соочи со обврска да врати речиси 60.000 евра, бидејќи со години примала целосна пензија како вдовица, иако од 1999 година примала и своја старосна пензија – комбинација што, според законот, влијае на износот на нејзината пензија од сопругот. Социјалниот суд во Хесен (Hessisches Landessozialgericht) пресуди дека жената била грубо небрежна во прекршувањето на својата обврска за пријавување на промените во приходите и дека мора да го врати целиот преплатениот износ, пишува Fenix-magazin.de.

Сега 86-годишната жена била во брак од 1959 година до смртта на нејзиниот сопруг во 1996 година. Истата година, таа почнала да добива целосна пензија како вдовица во износ од околу 1.280 германски марки месечно. Иако тогаш биле исполнети условите за добивање пензија, жената не пријавила дека од 1999 година прима сопствена пензија од околу 2.500 марки месечно. Според германскиот закон (член 97 од Законот за пензиско осигурување), во случај кога корисникот прима и пензија за вдовица и лична пензија, одреден процент од приходот над неоданочливиот износ го намалува износот на пензијата за вдовица. Во нејзиниот случај, тоа не било земено предвид повеќе од 20 години.

Дури во 2019 година, за време на автоматска проверка на податоците, компанијата за пензиско осигурување открила дека жената ги примала обете пензии, по што била покрената постапка за враќање на средства во износ од 59.831 евра.

Жената се бранела тврдејќи дека не знаела дека мора да пријави дополнителна пензија и дека верува оти податоците веќе биле разменети меѓу институциите. Сепак, судот утврди дека веќе во 1996 година, таа била јасно предупредена дека мора да пријави секаков дополнителен приход, вклучително и сопствената пензија. Притоа, според судот, таа постапила крајно небрежно.

Без оглед на фактот дека истата институција ги исплаќала обете пензии, судот заклучил дека жената имала обврска да ги пријави сите приходи. Иако тврдеше дека нема заштеди и дека парите биле потрошени, судот не виде основа за простување на долгот бидејќи законскиот рок за враќање на средствата не беше истечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот